Беноа Бадиашил во летниот преоден рок ќе го напушти Монако. Интерес за младиот дефанзивец покажале неколку екипи од Премиер лигата.
Во 2020 година Манчестер јунајтед доби „корпа“ од Монако. Клубот од „Олд Трафорд“ тогаш понуди 22.000.000 евра. Оваа зима, Вест Хем и Њукасл, се обидоа да го договорат за 30.000.000 евра.
Монако нема ништо против да го продаде Бадиашил, но не за помалку од 40.000.000 евра. Младиот фудбалер има договор со клубот до јуни 2024 година.