Top Sport

„Старата дама“ на гости во Шпанија, Челси го чека Лил

Нови два натпревари од осмина-финалето, вечерва се на програмата во Лигата на шампионите. Актуелниот победник во Лига Европа, Виљареал ќе го пречека Јувентус, а бранителот на титулата во Лигата на шампионите, Челси, ќе го пречека Лил.

Без Паоло Дибала, но со Душан Влаховиќ, Јувентус ќе се обидат да изборат поволен резултат на „Ла Серамика“ пред реваншот во Торино. Влаховиќ, најскапото зимско засилување во историјата на Јувентус ќе дебитира во елитното натпреварување.

Виљареал ќе бидат без својот најкреативен играч и најдобра стрелец, Џерар Морено.

Челси и покрај тоа што играат во променлива форма се големи фаворити против актуелните француски шампиони, Лил. Челси ја загубија битката со Манчестер сити и Ливерпул за титулата во Премиер лигата, но до крајот на сезоната ќе се борат за титулите во ЛШ, ФА и Лига купот.

Челси и Лил играа во фазата по групи, во ЛШ во сезоната 2019/2020, двата натпревари завршија со победи на „сините“ 2.1.

Scroll to Top