Аргентинските медиуми тврдат дека Хорхе Сампаоли останува на чело на репрезентацијата и за последниот меч од групната фаза против Нигерија, но дека составот ќе биде одреден од фудбалерите, поточно од најискусните фудбалери во составот – Лео Меси и Хорхе Маскерано.
Според „ТиЦ спортс“, фудбалерите „кренале бунт“ против Сампаоли и сакале тој да биде отпуштен пред мечот со Нигерија бидејќи „довербата е загубена и нема начин да се продолжи така“.
Претседателот на Аргентинската фудбалска федерација, Клаудио Тапија му порачал на Сампаоли дека нема контрола на фудбалерите, а генералниот секретар на сојузот, Хорхе Буручага наводно потврдил дека „фудбалерите ќе бидат консултирани околу составот“.
Од Аргентинската фудбалска федерација (АФА) ги демантираат овие извештаи.
Аргентина мора да ја победи Нигерија во вторник и во исто време да се надева дека Исланд нема да биде подобар од ослабената Хрватска за да обезбедат пласман во осминафиналето.
Фото: ЕПА