Top Sport

Модриќ пред трансфер во Баерн

Лука Модриќ по завршувањето на светското првенство во Русија ќе го напушти Реал Мадрид. Како што тврди „Дон балон“, капитенот на Хрватска веројатно ќе се пресели во редовите на минхенски Баерн.

Најтрофејниот германски клуб, наводно веќе испратил понуда до Реал за трансфер на 33-годишниот фудбалер.

„Модриќ наскоро ќе наполни 33 години и не е исклучено дека тој ќе го потпише последниот голем договор со некој европски великан. Сите опции се во игра, а новиот тренер на Баерн Нико Ковач би можел да го убеди да направи ваков чекор“, тврди истиот извор.

Според шпекулациите за Модриќ бил заинтересиран и Тотенхем, чии дрес го носеше пред да се пресели во Реал.

Scroll to Top