Top Sport

Динамо без Адеми против Севилја

Капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми, ќе го пропушти реванш натпреварот против Севилја во Лига Европа. Македонскиот репрезентативец викендов го повредил мускулот. До крајот на неделата Адеми ќе биде под лекарски надзор, а дури потоа ќе биде донесена одлуката кога ќе може да се врати во тимот.

Адеми се повредил, во неделата, против Локомотива (0:0), во првенството на Хрватска. На теренот влезе на почетокот на второто полувреме, беше земент по само 12 минути игра.

За Адеми ова е трета повреда од почетокот на сезоната, втора кога играл за тимот. Во октомври, се повреди настапувајќи за репрезентацијата на Македонија против Германија.

Scroll to Top