Top Sport

Руските гимнастичарки нема да патуваат во Киев

Руските натпреварувачки во ритмичка гимнастика нема да учествуваат на „Дериугина купот“ во Киев во март поради заострената ситуација во регионот, потврди претседателката на руската федерација, Ирина Винер-Усманова.

„Поради сегашната ситуација помеѓу Русија и Украина, секако, нема да биде возможно да патуваме во Киев“, изјави Винер-Усманова.

Ова е прво потврдено попречување на спортот по кризата, откако постоеја шпекулации дека на Русија може да и се одземе финалето од Лигата на шампионите во Санкт Петерсбург и најавите дека Полска бара баражот за пласман на Мундијалот во Катар против Русија да не се игра во Москва.

Scroll to Top