Иранскиот селектор Карлос Кеирош, во пресрет на натпреварот со Португалија, рекол дека неговиот тим ќе се обиде да ги оствари своите сништа.
Иран, во првите два натпревари во Б-групата, го победи Мароко со 1:0, а потоа со истиот резултат загуби од Шпанија.
Во пресрет на последното коло Иран има бод помалку од Шпанија и Португалија и реални шанси да се пласира во осмина-финалето.
„Луѓето не ни даваа никакви шанси, а ние се уште имаме можност да одиме во втората фаза. Ќе се бориме за нашите сништа“, рекол Кеирош.
Тој истакнал дека натпреварот против Португалија ќе биде „најинтересниот и најважниот“ во неговата кариера како селектор на Иран. Кеирош седум години е селектор на оваа репрезентација.
„Знаеме дека ќе биде тешко, но како што кажав претходно, знаевме дека овде ништи нема да биде лесно“, рекол Португалецот.
Натпреварот помеѓу Иран и Португалија ќе се одигра в понеделник во Саранск.