Хрватскиот тенисер Борна Чориќ стигна до својата најголема победа во кариерата, откако во финалето на Гери Вебер опен во Хале со 7:6(6)/3:6/6:2 го совлада деветкратниот шампион на турнирот, светскиот број 1, Роџер Федерер!
Федерер ја бркаше својата 21. победа на трева во низа, но по поразот го губи првото место на АТП листата, каде што повторно се враќа освојувачот на Ролан Гарос, Рафаел Надал.
21-годишниот Чориќ пристигна на турнирот во Германија со само две победи на трева во кариерата, но остана концентриран во текот на целиот меч од 2 часа и 6 минути за да стигне до својата втора АТП титула по таа во Маракеч, Мароко во 2017 година. Ова е прва победа во три мечеви за Чориќ против Швајцарецот.
Тој успеа да спаси три од четирите брејк-топки, „крадејќи“ го првиот сет во тај-брејк, по што Федерер фуриозно го освои вториот сет. Но, Федерер не го играше својот најдобар тенис, како во претходнтие три меча на турнирот против Беноа Пер, Метју Ебден и Денис Кудла и не успеа да ја наметне играта во последниот сет, во кој загуби два брејка.
The moment that @borna_coric stunned Roger Federer for the biggest ? of his career!
??#GerryWeberOpen pic.twitter.com/xzkct8UuWv
— Tennis TV (@TennisTV) June 24, 2018