Top Sport

Нејмар: Направив сè да се вратам во Барселона

Нејмар вели дека „направил сè да се врати во Барселона пред Лионел Меси да му се приклучи во Пари Сен-Жермен, потврдувајќи ги шпекулациите дека подолго време сакал враќање во Каталонија.

ПСЖ платија рекордни 222 милиони евра во 2017 да го откупат договорот на Нејмар со Барселона по четири години на „Ноу Камп“ во кои освои две титули од Ла лига и една од Лигата на шампионите во пеколниот напад со Меси и Луис Суарез. Сепак, летото 2019 постоеја големи шпекулации дека тој сака да се врати во Барселона, но тоа не се оствари.

„Се обидов да се вратам во Барса. Направив сè, но тоа е беше возможно. Но, среќен сум што Лео дојде тука со нас, бидејќи тој ми е пријател и добро се согласуваме“, вели 30-годишниот Нејмар.

Бразилецот има проблеми со повредите оваа сезона со само 16 настапи во сите натпреварувања, 4 гола и 4 асистенции.

Scroll to Top