Top Sport

Рангник: Бевме многу лоши во првото полувреме

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, не можел да верува колку биле лоши неговите играчи во првото полувреме против Атлетико Мадрид. Манчестер јунајтед, синоќа, избегна пораз во Мадрид, во првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите.

„Планот ни се распадна во седмата минута. Не ми се верува што гледав во првото полувреме. Бевме неубедливи, не бевме агресивни. многу се мачевме. Разочаран сум како изгледавме во првите 45 минути“, рекол Германецот.

Во првиот дел Јунајтед два пати шутнаа кон голот на Јан Облак, ниту еден од ударите не одеше во рамките на голот. Избраниците на Рангник немаа ниту едно додавање во шеснаесетникот на Атлетико.

Во второто полувреме, Јунајтед, играа малку поконкретно. Израмнија во 80.минута.

„Имавме поголем посед во деловите од теренот кои се важни. Покажавме во одредени ситуации како треба да играме. Не чека реваншот, дома пред 75.000 наши навивачи. Мораме да бидеме конкретни“, заклучил Рагник.

Реваншот ќе се одигра на 15.март.

Scroll to Top