Антонио Конте по поразот на Тотенехем од Барнли, во налет на лутина го отворил прашањето дали ќе остане во клубот по завршувањето на сезоната. Италијанецот, во ноември, пристигна во Лондон, тој неколку пати потенцираше дека е не е задоволен како се одвиваат работите во клубот.
Тотенхем, во неделата, го победија Манчестер сити на „Етихад“, а синоќа на „Турф Мур“, доживеаа пораз од давеникот Барнли.
„Отворен сум за секоја одлука поради тоа што сакам да му помогнам на Тотенхем. Клубот ме повика да ја поправам ситуацијата, но јас сум премногу искрен, не сакам да замижам и да продолжам зборувајќи дека се е во ред, само поради тоа што платата е добра. Јас сум амбициозен човек“, рекол Конте.
Поразот од Барнли е четврти за Тотенхем, на последните пет натпревари во Премиер лигата.
„Фрустрирачки е ова. Прв пат во животот доживеав четири порази во пет натпревари. Можеби јас не сум доволно добар. Мразам да губам. Ова е неприфатливо, не го сакам ова“.
Тотенхем во наредната рунда ќе гостува во Лидс.