Top Sport

Фетел: Нема да се тркам во Русија

Возачот на Астон Мартин, Себастијан Фетел, нема намера да ја вози трката за Големата награда на Русија. Ваков став Германецот има по инвазијата која Русија ја изврши утрово врз Украина. Сличен став има и актуелниот шампион, Макс Ферстапен.

„Мислам дека е не треба да одам, и нема да одам во Русија. Мислам дека е погрешно да се тркам во таа земја. Жал мие за невините луѓе кои гинат, кои ги убиваат од глупави причини…“, рекол 34-годишниот Фетел.

„Ако земјата е во војна, тогаш не е исправно да се тркаме таму“, рекол Холанѓанецот.

Според календарот, Големата награда на Русија ќе се вози на 25.септември.

„Формула 1 внимателно ја следи ситуацијата. Како и многу други, во овој момент не можеме да понудиме некаков конкретен коментар, во врска со трката која на програмата е во септември. Ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата“, соопштија од Формула 1.

Scroll to Top