Данил Медведев и Рафа Надал, неполн месец по финалето на Австрстралија опен закажаа нова пресметка. Рускиот и шапнскиот тенисер ќе се сретнат во полуфиналето на турнирот во Акапулко.
Медведев, кој од понеделник ќе биде новиот број 1, без поголеми проблеми го победи Јапонецот Јохишито Нишиока со 6/2, 6/3. Дуелот го обележаа гол број на брејкови. Во првиот сет имаше четири, Медведев направи три.
Во вториот Нишиока имаше водство, со брејк, од 3:1, а потоа Медведев нанижа пет гема и го реши мечот.
Надал, против Американецот Томи Пол, покажа две лица. Во првиот сет го декласира противникот со 6/0. Првиот сет траеше само 28 минути. Во вториот сет се водеше голема борба, која траеше 96 минути. Надал спаси две сет топки во 10. гем, а потоа во тај-брејкот избори место во полу-финалето.
Во второто полуфинале ќе играат Камерон Нори и Стефанос Циципас.