Александар Зверев ја дозна казната за дивјачкиот испад на турнирот во Акапулко. Германецот, со рекетот удираше по судиското столче, откако во пар со Марсело Мело испадна од Лојд Гласпул и Хари Хелиовар.
Веднаш по инцидентот, Зверев, беше исфрлен од турнирот на кој дојде да ја брани титулата во поединечна конкуренција.
АТП му ја одзеде паричната награда што ја заработи во Акапулко (околу 30.000 долари), и дополнително го казни со 40.000 долари. Исто така ќе му бидат одземени и бодовите од овој турнир.
„Еуроспорт“ информира дека ова е максимална казна која Зверев можел да ја добие од АТП.
Од АТП најавиле дека уште еднаш ќе го разгледаат инцидентот.
По инцидентот што го предизвика на теренот, Зверев лично му се извинил на судијата, а потоа на социјалните мрежи им се извини на организаторите и навивачите.