Top Sport

Со бомба нападнат автобусот на фудбалскиот клуб Баија

Автобусот на фудбалскиот клуб Баија бил нападнат пред натпреварот со Сампаио Кореа. Бомба од рачна изработка била фрлена на автобусот во моментот кога пристигнал пред стадионот Фнте Нова.

Тројца фудбалери биле повредени, најлошо минал голманот Данило Фернендеш, кој ноќта ја минал во болница, со повреди на лицето, вратот и нозете.

„Шрапнели погодија тројца наши играчи. Данило мина најлошо, може да има трајни последици со видот. Луѓето мислат дека на ваков начин ќе исплашет играчите. Зошто размислуваат така, зошто вака се однесуваат? Проблемите не се решаваат на ваков начин“, рекол тренерот на Баија, Гуто Фереира.

Баија и покра инцидентот успеа со 2:0 да го победи клубот од Боливија.

Навивачите на Баија, долго време се незадоволни откако клубот испадна од бразилската Серија А.

 

Scroll to Top