Top Sport

Ред Бул подготвиле нов договор за Ферстапен

Макс Ферстапен, наскоро би требало да го продолжи договорот со Ред Бул. Актуелниот првак во Формула 1 ќе добие зголемување на платата од 4.780.000 евра.

Ферстапен сака да остане во Ред Бул, тоа и го порача во декември минатата година по контроверзната трка во Абу Даби, кога ја освои титулата.

„Да Телеграф“ објави дека менаџерот на Ферстапен, Рајмонд Фермулен, неодамна бил во Грац, на преговори со шефот на Ред Бул, Хелмут Марко. Според овој извор наскоро ќе биде официјализирана нова соработка.

Ферстапн има договор со Ред Бул за оваа сезона. Годишно заработува 21.540.милиони евра. Ред Бул му нуди долгорочен договор и плата од од 26.300.000 евра.

Scroll to Top