Top Sport

Ериксен ќе дебитира за Брентфорд

Кристијан Ериксен, утре ќе дебитира за Брентфорд. Екипата од Лондон, ќе го пречка Њукасл во Премиер лигата.

Менаџерот на Брентфорд, Томас Франк, му кажал на Ериксен дека ќе биде во тимот. Пред почетокот ќе реши дали Ериксен ќе биде стартер или ќе го започне натпреварот од клупата за резерви.

Ериксен во зимскиот преоден рок пристигна во Лондон, откако го раскина договорот со Интер.

Ериксен, на Европското првенство, колабираше против Финска, лекарите успеаја да го спасат неговиот живот. Данецот игра со -дефибрилатор, кој ја следи работата на неговото срце.

Пред официјалното деби, Брентфорд на два контролни натпревари ја контролираше издржливоста на фудбалерот.

Брентфорд, утре од 16 часот, ќе го пречека Њукасл.

Scroll to Top