Top Sport

Федерер не игра во Париз, му го „предаде“ првото место на Рафа

Роџер Федерер во неделата по рекорден осми пат триумфираше на домашниот турнир, Свис Индорс во Базел со тешка победа над Хуан Мартин дел Потро, по што реши дека нема да игра на последниот редовен турнир од сезоната, Мастерсот во Париз.

Швајцарецот вели дека треба да го одмори грбот, со кој имаше доста проблеми во минатото, и оваа одлука речиси сигурно значи дека Рафаел Надал ќе биде број 1 на крајот на сезоната.

Надал има 1.460 поени предност пред својот голем ривал, а за освојување на титулата во „О2 Арената“ на АТП финалето се добиваат максимални 1.500 поени, така што на Шпанецот му е потребна една победа во Париз да стигне до недостижно водство.

„Жал ми е, но нема да бидам во Париз, бидејќи морам да се одморам. Играв многу оваа сезона и морам да внимавам ако сакам да продолжам така. Во 2016 беше многу болно што морав да пропуштам половина сезона, така што ја научив мојата лекција“, вели Федерер.

 

Scroll to Top