Новак Ѓоковиќ од понеделник ќе му го препушти првото место на АТП листата, на Данил Медведев, но за само две недели повторно ќе се врати на челната позиција.
Смената на врвот се случи по елиминацијата на Ѓоковиќ, во четврт-финалето на турнирот во Дубаи и со пласманот на Медведев, во полу-финалето на турнирот во Акапулко.
На 28.февруари, на АТП листата, Медведев ќе има 8.615 поени, Ѓоковиќ ќе биде втор со 150 поени помалку.
Србинот повторно ќе биде број 1 на 14.март, бидејќи Медведев нема да учествува на турнирот во Марсеј, каде лани ја освои титулата. Медеведев ќе остане без 250 поени и барем на една недела ќе му го препушти првото место на Ѓоковиќ.
Србинот ќе го зголеми својот рекорд, тоа ќе биде негова 362.недела на првото место на АТП листата.
Понатаму се ќе зависи од правилата за учество на турнирите поврзани со вакцинацијата. Извесно е дека Ѓоковиќ нема да игра на турнејата во САД, на мастерс турнирите во Мајами и Индијан Велс.
Лани Ѓоковиќ освои само 45 поени во Мајами, а во Индијан Велс не играше. Медведев, во Индијан Велс, минатата сезона испадна во четвртото коло, што значи дека сигурно ќе се врати на првото место на 20.март.