Манчестер сити повторно се на шест бода од Ливерпул, откако забележаа тешка победа кај другиот клуб од Ливерпул, Евертон. Сити до триумфот дојдоа со голот на Фил Фоден во 82.минута.
Сити се мачеа на „Гудисон парк“, шансите што ги создаваа не ги користеа, па во последните 10 минути тимовите влегоа со 0:0.
Во 82.минута, Фоден ја искористи катастрофалната грешка на Кин и го совлада Пикфорд.
Неколку минути подоцна, актуелните шампиони добија подарок од главниот судија Пол Тирни. Родри играше со рака пред својот гол. Тирни ја прегледа снимката и пресуди дека нема елементи за пенал.
What an absolute joke.
Premier League referee’s are a joke. pic.twitter.com/vuIwHvZ7WW
— Watch LFC (@Watch_LFC) February 26, 2022
Сити се први на табелата со 66 поени, Евертон се во долниот дом, на 17.место со само 22 бода.