Интер Мајами ќе „туркаат“ да го убедат Лионел Меси, вели ко-сопственикот на клубот, Хорхе Мас, кој посочува дека пријателството на Дејвид Бекам со Аргентинецот ќе биде клучно за финализирање на договорот.
Бекам го основаше Интер Мајами заедно со Хорхе и неговиот син, Хозе Мас во 2018 година, со цел да се формира нова „династија“ во МЛС лигата, и веднаш беа ветени големи засилувања, со потписи како Блез Матуиди и Гонзало Игуаин, но Меси останвуа целта.
Меси има двегодишен договор со ПСЖ со опција за уште една сезона откако минатото лето замина од Барселона. 34-годишниот Аргентинец и претходно беше поврзуван со преселба во САД, каде што би се школувале неговите синови.
„Лео Меси уште е еден од најдобрите на светот, тука нема сомнеж. Мислам дека Дејвид има добар однос со него, и ако замине од ПСЖ ќе се обидеме да го направиме фудбалер на Интер Мајами и дел од нашата заедница. Дали тоа може да се случи? Секако, секогаш сум оптимист“, изјави Мас.