Top Sport

УЕФА го раскина договорот со „Газпром“

УЕФА објави дека го раскинува партнерството со руската енергетска компанија „Газпром“, која беше главен спонзор на Лигата на шапионите од 2012 година и главен спонзор на ЕУРО 2020 минатата година.

Компанијата го обнови договорот со УЕФА минатата година пред ЕП, со што требаше да биде спонзор на ЛШ до 2024 година.

„УЕФА денеска реши да стави крај на партнерството со ‘Газпром’ во сите натпреварувања. Одлуката стапува на сила веднаш и ги покрива сите договори вклучувајќи ја Лигата на шампионите, националните натпреварувања на УЕФА и УЕФА ЕУРО 2024“, објавија од УЕФА.

Се верува дека УЕФА добиваше околу 35 милиони евра годишно од компанијата.

Scroll to Top