Евертон поднесоа официјална жалба до Премиерлигата и бараат извинување до менаџерот Френк Лампард и фудбалерите по контроверзната ВАР одлука при 0:1 поразот од Манчестер сити овој викенд.
Евертон не добија пенал по очигледното играње со рака на Родри во шестнаесетникот на Сити, откако ниту судијата Пол Тирни, ниту шефот на ВАР, Крис Кавано не реагираа, а Премиерлигата објасни дека „немало доволно јасни докази дека тоа беше играње со рака“.
Генералната директорка на Евертон, Денис Барет-Баксендејл поднела „формална жалба“ до извршниот директор на Премиерлигата, Ричард Мастерс, во кое меѓу другите работи се бара извинување за Лампард и неговите играчи.