На рускиот претседател Владимир Путин му беше одземен почесниот црн појас во таеквондо поради нападот на неговата земја врз Украина, соопшти Светската тaеквондо федерација.
Таеквондо федерацијата со седиште во Сеул, повикувајќи се на своето мото „Мирот е поскапоцен од триумфот“, ја осуди воената акција на Русија во Украина, велејќи дека „бруталните напади врз невини животи“ ги нарушуваат спортските вредности на почит и толеранција, пренесува Ројтерс.
Претходно, Путин беше суспендиран од местото, почесен претседател на Меѓународната џудо федерација.