Top Sport

Роналдо си оди, доаѓа Осимен

Манчестер јунајтед, во летниот преоден рок, ќе прави реконструкција во нападот. Единсон Кавани нема да добие нов договор, ќе го напушти клубот, а веројатно истото ќе се случи и со Кристијано Роналдо.

Очигледно е дека Јунајтед направија грешка кога го вратија Роналдо. Португалецот играше добро в првите два месеци, потоа влезе во криза. На последните десет натпревари постигна само еден гол.

Наводно, Јунајтед, ќе се обидат да го донесат на „Олд Трафорд“, Виктор Осимен од Наполи.

За напаѓачот кој оваа сезона има постигнато 11 голови на 22 натпревари, Јунајтед ќе треба да издвојат околу 100.000.000 евра.

„РАИ Спорт“, објави дека Јунајтед воспоставиле контакти со колегите од Наполи и со менаџерот на фудбалерот.

Доколку Осимен замине од клубот, Наполи ќе тргнат по напаѓачот на Сасуоло, Џанлука Скамака. Сериозен интерес за Скамака покажува и Интер.

Scroll to Top