Европската фудбалска унија (УЕФА), врши финансиска контрола на работењето на 30 европски клубови. УЕФА побарала објаснувања за завршните сметки кои ги доставиле клубовите.
„Газета дело Спорт“, ја објави оваа информација, со напомена дека под истрага за можно кршење на финансискиот фер-плеј се Милан, Интер и Рома. Овој извор тврди дека наскоро исто писмо ќе добие и Јувентус, клуб кој една година е во „војна“ со УЕФА поради европската Суперлига.
„Газета дело Спорт“, на ги наведува имињата на другите клубови кои се наоѓаат под истрага на УЕФА.
Претходно, УЕФА го суспендираше финансискиот фер-плеј поради корона-кризата. УЕФА им даде време на клубовите да ги стабилизираат буџетите.
„УЕФА врши контрола на финансиското работење, бидејќи е загрижена за повеќе од 30 клубови. Должноста на УЕФА е да провери како корона-кризата влијаеле врз клубовите. Тешко дека ќе има санкции. Наскоро треба да биде усвоен новиот правилник“, пишува „Газета дело Спорт“.