Top Sport

Човекот чиј тим го победи Реал ѝ се приклучи на украинската војска

Јуриј Вернидуб, тренерот на молдвскиот шампион Шериф, најпријатното изненадување оваа сезона во европските купови ѝ се приклучил на украинската армија.

Шериф блесна сезонава во Лигата на шампионите, на патот до главната фаза ги елиминираше Црвена звезда и Динамо Загреб, а во групата со Реал, Интер и Шахтјор го освои третото место.

Во фудбалскиот свет одекна победата на Шериф во Мадрид над Реал.

„Роден сум во Украина, живеам во Украина и сакам да кажам дека сум горд на луѓето што си ја браната државата. Имам жена, две деца, браќа, сестри, внуци, им посакувам оваа војна да не ги допре, им посакувам да бидат здрави и среќни. Тешкое било што да се каже во оваа ситуација, фала му на Бога што се сите живи“, изјави неодамна Вернудуб.

Прашање е дали Вернудуб ќе остане тренер на шериф, бидејќи Тираспољ е центарот на Транснистрија, област која со години сака да се отцепи од Молдавија.

 

Scroll to Top