Претседателот на клубот, Жоан Лапорта потврди дека Барселона ќе изгради „сопствен метаверзум“ со издавање на криптовалута и НФТ токени за да „преживеат економски“ во новиот поредок на работите во светот.
Шефовите на каталонскиот клуб одбиле повеќе компании за криптовалути за партнерство по реизборот на Лапорта во март 2021, но тој вели дека ги одбил за да формираат сопствена дигитална валута, посочувајќи дека мораш да бидеш имагинативен за дополнителни извори на финансии.
„Ќе развиеме сопствен метаверзум, затоа ги одбивме шансите да бидеме поврзани со било кои бизниси за криптовалути. Ќе формираме наша криптовалута и ќе го направиме тоа сами. Ние сме поинакви бидејќи преживуваме финансиски од тоа што можеме да го генерираме преку оваа спортска индустрија. Немаме големи корпораци или богати акционери зад нас. Затоа мораме да бидеме имагинативни, иновативни, храбри и чекор понапред во многу области“, вели 59-годишниот Лапорта.
По неговото пристигнување во клубот, Барса потврди дека има над 1 милијарда евра долг, по што дозволија Лео Меси да замине во ПСЖ, а продадоа и позајмија повеќе фудбалери. Сега, со дигиталните активности ќе се обидат да ја искористат огромната база на верни фанови, кои според Лапорта се над 300 милиони.