Top Sport

Бабиќ: Татабања не затвори со цврста одбрана

Еурофарм Пелистер доживеа непријатен пораз (25-21) на гостувањето кај Татабања и не успеа да го направи првиот чекор кон освојување на првото место во групата од Европската лига.

Тренерот Жељко Бабиќ по третиот пораз во групата истакна дека цврстата одбрана на противникот ги неутрализирала неговите ракометари.

„Татабања ја заслужи победата. Играа добро во одбраната, имаа некоја посебна енергија. Ние многу се потрошивме во одбраната, а не успеавме да ги искористиме противнападите. Ќе треба да се подобриме во наредните натпревари“, изјави Бабиќ по мечот.

 

Scroll to Top