Мексиканецот Ектор Ерера, ќе го напушти Атлетико Мадрид по завршувањето на сезоната. Искусниот фудбалер, кариерата ќе ја продолжи „преку барата“, во МЛС лигата.
Ектор Ерера, по завршувањето на сезоната како слободен играч ќе се пресели во екипата на Хјустон. „Марка“, објави дека тој потпишал договор до 2025 година. Годишно во Хјустон ќе заработува 4.000.000 долари.
Мексиканецот, во 2019 година пристигна во Атлетико Мадрид, откако претходно шест години играше за Порто. Со клубот од Мадрид минатата сезона ја освои титулата во Шпанија.