Војната во Украина комплетно го смени пазарот во кошаркарска Европа. Многу играчи, во знак на протест ги напуштија руските клубови. Шестмина заминаа од ЦСКА Москва, УНИКС остана без речиси комплетниот тим, засега од Зенит заминаа тројца играчи.
Еден од играчите што си заминаа од Москва е Дание Хакет. Репрезентативецот на Италија веќе добил понуда кариерата да ја продолжи во Виртус од Болоња.
34-годишниот кошаркар, добил понуда да потпише договор со 2023 година, за годишна плата од 1.500.000 евра.
Според медиумите, Хакете ќе ја прифати понудата. Хакет ќе биде алтернатива за првиот плејмејкер, Милош Теодосиќ.
Во тековната сезона, во Евролигата, Хакет има просек по натпревар од 8,5 поени, 1,9 скока и 2,6 асистенции.