Еурофарм Пелистер загуби од Татабања (21-25) во дуелот од ракометната ЕХФ Лига Европа, но, сепак, имаше и моменти што ќе се паметат од играта на тимот. Мирко Радовиќ постигна блескав гол кој влезе во изборот на најдобрите од тековното коло во Лига Европа.
Тој со феноменален удар успеа да го совлада голманот на Татабања.