Top Sport

Усик: Рускиот народ не знае што се случува тука

Шампионот во тешка категорија, Олександер Усик во интервју за „Си-Ен-Ен“ вели дека не се плаши од ситуацијата во неговата Украина, откако се врати во Киев и се пријави во територијалната одбрана по критиките дека „избегал“ во Велика Британија.

Тој признав дека не знае дали ќе може да ги брани шампионските појаси во римечот со Британецот Ентони Џошуа и додава дека рускиот народ не знае што навистина се случува во Украина.

„Ако сакаат да ми го одземат животот, или животот на моите блиски ќе морам да пукам. Но, не го сакам тоа. Не сакам да пукам, да убивам. Ако сакаат да ме убијат, нема да имам избор. Можеби ќе звучам сентиментален, но мојата душа припаѓа на Господ, а моето тело и мојата чест на мојата земја и моето семејство. Затоа не се плашам. Само се чудам, како е ова возможно. Бомбардирањето е лудо. Еден мој пријател во Мариупол доби ракета во покривот. Рускиот народ не знае што точно се случува тука. Не го гледаат ова. Тие се жртви на својот претседател“, вели Усик.

Тој признава дека не знае кога ќе ги брани титулите против Џошуа.

„Не знам кога ќе се вратам во рингот. Мојата земја и мојата чест ми се поважни од шампионскиот појас“, додава Украинецот.

Scroll to Top