Top Sport

Клуб Америка го отпушти Солари, Креспо можна замена

Поранешниот фудбалер и тренер на Реал Мадрид, Сантијаго Солари доби отказ од мексиканскиот Клуб Америка по катастрофалните резултати, по кои популарните „Агилас“ се најдоа на претпоследното место во мексиканската лига.

Солари се приклучи на Клуб Америка, најтрофејниот клуб во Мексико, минатата година и имаше одличен старт на сезоната, пред да бидат елиминирани од Апертура 2021 во четврт-финалето од најлутите ривали Пумас. Но, сезоната 2022 започна катастрофално, со една победа и само шест поени од осум натпревари.

Помеѓу кандидатите за негова замена е неговиот сонародник Ернан Креспо, кој е без ангажман по заминувањето од Сао Пауло, како и Колумбиецот Хуан Карлос Осорио.

Scroll to Top