Top Sport

Бизарна забрана – Русите исфрлени од видео-игрите „ФИФА 22“ и „НХЛ 22“

Исфрлањето на Русија од сите спортски, уметнички и светски случувања продолжува на најбизарен начин – компанијата „ЕА спортс“ потврди дека е во процес на исфрлување на руската репрезентација и руските фудбалски клубови од видео-играта „ФИФА 22“.

„ЕА спортс е во солидарност со украинскиот народ и како многу други гласови во светскиот фудбал бараме мир и крај на инвазијата на Украина. Слично како нашите партнери ФИФА и УЕФА, почнавме со процесот на отстранување на рускиот национален тим и руските клубови од ФИФА 22, ФИФА Мобил и ФИФА онлајн“, вели компанијата.

Покрај оваа одлука, „ЕА спортс“ исто така ги отстрани руските и белоруските тимови од „НХЛ 22“ играта, иако засега „сигурни“ се руските и белоруските хокеари кои настапуваат во северноамериканската лига.

Scroll to Top