Спортистите од Русија и од Белорусија нема да смеат да настапат на Зимските Параолимписки Игри во Пекинг поради руската инвазија на Украина. Меѓународниот Параолимписки Комитет прво одлучи Русите и Белорусите да можат да се натпреваруваат за медали како неутрални спортисти, без знамиња и химни, но по жестокиот притисок од јавноста ја промени својата одлука и ги исфрли од Игрите.
„Убедени сме дека спортот и политиката не треба да се мешаат, но војната дојде и до Игрите и зад сцената многу влади влијаат на овој настан. За нас безбедноста на спортистите е на прво место, а ситуацијата во олимпиското село ескалираше и стана неодржлива“, изјави првиот човек на организацијата, Ендрју Парсонс.
На Игрите кои почнуваат в сабота требаше да учествуваат 71 спортист од Русија и 12 од Белорусија.