Норвешкото голгетерско чудо Ерлинг Халанд, напаѓачот на Борусија Дортмунд, донел одлука, сака да потпише за Реал Мадрид. Оваа бомбастична вест ја носи шпанското телевизиско шоу „Ел Чирингито“. Новинарот Хосеп Педрерол синоќа објави дека Холанѓанецот го избрал Реал Мадрид, потпирајќи се на ‘свои веродостојни извори’.
Халанд најави дека до крајот на април и дефинитивно ќе ја објави следната дестинација во кариерата, а Реал Мадрид сака да го спои со Килијан Мбапе во неверојатен напаѓачки тандем што би бил незадржлив за ривалите во следната деценија.
„Кралевите“ за Халанд ќе треба да платат 75 милиони евра отштета на Борусија Дортмунд и уште 40 милиони евра бонуси за агентот Мино Раиола и за Алфи Халанд, таткото на Ерлинг.
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, сака да направи неверојатен напаѓачки квартет во кој ќе учествуваат Бензема, Винисиус Жуниор, Мбапе и Халанд.