Седиштетото на Германската фудбалска федерација (ДФБ) било предмет на рација од обвинителите кои истражуваат финансиски нерегуларности, јавуваат германските медиуми, а потврди и самата федерација.
„Истрагата е околу нерегуларности во договор со една медиумска агенција, но ниту федерацијата, ниту сегашни вработени во федерацијата не се дел од истрагата“, објавија од ДФБ.
Според новинската агенција „ДПА“, имало претрес на уште еден поранешен член на ДФБ и пет бизнис-адреси во Германија, а се работи за договор од 360.000 евра кој всушност бил „непостоечки“.
Ова е последен од низата скандали околу германската федерација, која во 2020 исто така беше предмет на рација поради избегнување на данок во договор за спонзорирање. Овие обвиненија подоцна беа отфрлени.