Томислав Дујмовиќ, поранешниот хрватски репрезентативец, кој поголемиот дел од својата кариера ја помина во рускиот фудбал, во интервју за „Вечерњи лист“ вели дека постои огромно лицемерие по одлуката да се суспендира рускиот фудбал.
„Жалосно е што зборуваме за политика, а не за спорт. Оваа ситуација не е добра за никого и жал ми е за страотните сцени во Украина. Русите го гледаат тоа од поинаква перспектива, бев долго таму и ги следам нивните медиуми. Тие тврдат дека повеќето Руси се на страната на Путин, и дека само дел од младите се против него. Младите сакаат слобода на говор, но општата оценка дека е виновна Америка, која ги убедуваше Украинците да одат во НАТО“, вели Дујмовиќ.
Според него, не е коректно да се казнуваат руските спортисти.
„Сведоци сме на одредео лицемерие. Зошто никој не се јавуваше поради војната во Сирија или страдањата на Блискиот Исток? Никој не протестираше против Американците? Не е коректно. До пред некој ден ги држевме Сиријците на границите, ги теравме и гги тепавме. Овие денови се јави и Славој Жижек, кој зборуваше дека му е незгодно од лицемерието“, вели Дујмовиќ.
Дујмовиќ во својата кариера играл за Локомотив Москва, Динамо Москва, Амкар Перм и Мордовија Саранск.