Top Sport

Русите ќе организираат свои натпреварувања и ќе ја тужат ФИФА и УЕФА

Рускиот министер за спорт, Олег Матицин тврди дека земјата не е изолирана и покрај „неприфатливите“ одлуки на светските спортски федерации и дека ќе работат на развивање на натпреварувања во Русија на кои ќе бидат поканети интернационални спортисти.

„Во блиска иднина ќе се развие програм за систем на натпреварувања на територијата на Руската Федерација со учество на максимален број на странски спортисти. Во прв план, спортисти од Белорусија, од Сојузот на независни држави и од БРИЦС (Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка). Не сме изолирани, продолжуваме со контактите со интернационалните федераци и се надевам дека се работи за привремени мерки и дека целата заедница ќе сфати дека вакви работи се неприфатливи“, изјави Матицин.

Во исто време, Рускиот фудбалски сојуз (РФС) најави тужба пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС) против ФИФА и УЕФА поради суспензијата и исфрлањето на руските репрезентации и клубови од натпреварувањата.

„Како дел од една заедничка тужба против двете организации, РФС ќе бара враќање на сите национални репрезентации на турнирите во кои учествуват, како и компензација за штетата. РФС смета дека не постои легална основа да се отстранат репрезентациите, бидејќи тоа ги прекршува основните права на РФС како членка на ФИФА и УЕФА. Покрај тоа, одлуката за исфрлање на машката репрезентација од квалификациите за СП 2022 беше направено под притисок на директните ривали во баражот, со што се прекршени принципите на спортот и правилата за ферплеј“, се вели во објавата на РФС.

Scroll to Top