Top Sport

Дончиќ ги растури Вориорс, Клиперси се газди во Лос Анџелес

Победите на Далас Маверикс, ЛА Клиперс и Атланта Хокс ја обелажаа ноќта во НБА лигата.

Далас Маверикс и Лука Дончиќ славеа против Голде стејт Вориорс на Стеф Кари со 122:113. Маверикс победата ја обезбедија со неверојатната серија 23:0 во третата четвртина. Вориорс го забележаа петтиот пораз на последните шест натпревари.

Дончиќ го предводеше Далас со 41 поен (19 од нив во првата четвртина), 10 скока и девет асистенции. На спротивната страна Џордан Пул беше најефикасен со 23 поени, Кари постигна 21.

Лејкерси потврдија дека се во очајна форма. „Езерџиите“ доживеаја дебакл во градскиот дуле со Клиперси (111:132). Лејкерси немаат победа над градскиот ривал на последните седум натпревари.

Реџи Џексон беше најефикасен играч на Клиперси со 36 поени, Хрватот Ивица Зубац забележа 19 поени и девет скока. Леброн Џејмс за Лејкерси постигна 26 поени.

Атланта во финишот успа да го победи Чикаго со 130:124. Блескаше Тре Јанг со 39 поени и 13 асистенции. Србинот Богдан Богдановиќ постигна 20 поени за Атланта.

Чикаго го предводеа Зек Лавин и Демар Дерозан со по 22 поени, Никола Вучевиќ забележа 21 поен и 11 скока.

Резултати:

Бостон-Мемфис 120:107
Бруклин-Мајами 107:113
Торонто-Детроит 106:108
Сан Антонио-Сакраменто 112:115

Scroll to Top