ФИФА објави дека Фудбалскиот сојуз на Украина, поради руската инвазија врз оваа земја, побарал да биде одложено нивното учество во баражот за пласман на Светското првенство во Катар.
Украина, во полу-финалето, на 24.март треба да гостува во Глазгов кај Шкотска.
ФИФА, информира, дека разговараат со УЕФА и Фудбалскиот сојуз на Шкотска , со цел да биде донесена најдобрата одлука.
Победникот од натпреварот Шкотска-Украина, за место на Мундијалот ќе игра против подобриот од дуелот Велс-Австрија.