Иднината на Хари Мегваер во Манчестер јунајтед станува неизвесна. „Црвените ѓаволи“ ќе ја разгледале можноста да се одлободат од услугите на најскапиот дефанзивец, во историјата на фудбалот, тврди „Спортсмејл“.
Манчестер јунајтед, во летниот преоден рок во 2019 година, за Мегваер на Лестер им платија 80.000.000 фунти. Шест месеци подоцна, го унапредија во капитен на тимот.
Мегваер, во ниту еден момент не ги оправда вложените пари. Оваа сезона, неколку пати беше критикуван поради лошите реакции. Наводно и соиграчите повеќе пати го обвиниле дека неговите грешки влијаеле врз некои резултати.
„Спортсмејл“, пишува дека новиот спортски директор, доколку добие добра понуда нема да се противи на трансферот на Мегваер.