Top Sport

Тухел: Зошто би си заминал од Челси?

Менаџерот на Челси, Томас Тухел призна дека одлуката на Роман Абрамович да го продаде клубот придонело за неизвесност на „Стемфорд Бриџ“, но вели дека нема причина да си замине од лондонскиот клуб.

„Зошто би имал проблем да останам тука? Сосема спротивно. За мене, лично, Челси е совршен тим. Сега има несигурност, но нели е таква работата на тренерите во фудбалот секогаш? Јас сум позитивен дека работите ќе завршат добро. Таа е ситуацијата и на крајот не можеме да ја смениме. Можеби ќе има позитивно влијание во преговорите со можните купувачи, а можеби не. Газдата реши да продава, но ќе продаде силен, солиден и доброорганизиран тим“, вели Тухел.

Иако можеби позицијата на Тухел на тренерското место е сигурна, речиси сигурно со Абрамович ќе замине и „најмоќната жена во светот на фудбалот“, Марина Грановскаја, Канаѓанката со руско потекло, која беше одговорна за трансферите и за изборот на фудбалери и менаџери на тимот.

Scroll to Top