Џејк Пол, Јутјуб ѕвездата, а во последно време и активен и непоразен боксер, го предизвика рускиот претседател Владимир Путин на пресметка во рингот.
Пол, кој во последниот меч го декласираше Тајрон Вудли по вторпат, сподели „лажен“ постер од најавената пресметка со порака: „Големи вести! Билетите пуштени во продажба. #PaulPutin“.
Еден од најинтересните коментари на „објавата“ беше: „Тој е три пати постар од тебе и не е боксер. Значи, совршен противник“.
Посериозно, 25-годишниот Пол претходно побара мечеви со Конор Мекгрегор, Нејт Дијаз и Камару Усман.
Big news. Tickets on sale next week. #PaulPutin brought to you by @TimJDillon promotions. pic.twitter.com/O45FjVRxd8
— Jake Paul (@jakepaul) March 3, 2022