Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола и во минатото знаел да зборува за политички теми, посебно околу борбата за независноста на неговата омилена Каталонија, но на денешната прес-конференција влезе во остри критики кон западните земји по војната во Украина.
Гвардиола одговараше на прашањата околу подготвеноста на неговиот фудбалер, украинскиот репрезентативец Олександер Зинченко.
„Ситуацијата е загрижувачка, како што продолжува војната, ќе станува полошо и полошо. Тој е вклучен во проектите на неговата земја и најдобро знае како е, бидејќи неговото семејство е таму. Станува полошо, ова е веќе осум, девет дена, и ќе биде подолго. Тоа што го правиме ние и Премиерлигата на крајот е само гест. Политичарите треба да ги избегнат ваквите работи. Ова се случува бидејќи тие се целосно неспособни. Се случуваше и во Палестина, Југославија, Сирија. Бидејќи не можат да направат ништо. Се случува понатаму. НАТО и европските нации се неспособни“, вели Каталонецот.