Лидс јунајтед ја продолжија серијата на лоши резултати во Премиер лигата. Со новиот тренер. Џеси Марш, Лидс доживеа минимален пораз од Лестер.
Лидс не ги искористи своите шанси на „Кинг Пауер“, една чиста во првото полувреме и две во вториот дел. Откако Каспер Шмајхел го одбрани својот гол, победата на Лестер му ја обезбеди Харви Барнс во 67.минута.
Барнс, на последните четири натпревари против Лидс, има постигнато исто толку голови.
Лестер се 10. на табелата со 33 бода, Лидс се во долниот дом, 16. со 22 бода.