Српската ѕвезда на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ вели дека се потсетува на времето кога тој со своите млади колеги го совладаа Бразил со 2:1 во финалето на младинското СП и не гледа зошто тоа да не се повтори утре на Мундијалот во Русија.
На Србија ќе и е потребен подвиг против Бразил откако драматично го загубија мечот со Швајцарија со 2:1.
„Мораме да го заборавиме тоа што беше зад нас и да се посветиме на мечот на животот за нас. Немаш многу шанси да играш против Бразил, иако јас имав шанса да играм во тоа финале во Нов Зеланд, иако сега ситуацијата е поинаква. Тогаш успеавме да го исфрустрираме Бразил и тоа е сликата со која сакам да влезам во мечот“, вели Милинковиќ-Савиќ.
Во сегашната српска репрезентација има многу играчи од таа шампиионска генерација – Милош Вељковиќ, Предраг Рајковиќ, Марко Грујиќ и Андрија Живковиќ.
„Овој бразилски состав има доста слабости, играм со неколку Бразилци во Лацио и знам како размислуваат. Сите сакаат да дадат гол со малку концентрација на одбраната. Ќе се обидеме да го искористиме тоа“, додава Милинковиќ-Савиќ.
Фото: ЕПА