Тежок инцидент се случи на натпреварот помеѓу Дечиќ и Будуќност во првенството на Црна Гора. Натпреварот е прекинат по само 17 минути при доство на гостите од 1:0.
При една спорна ситуација на теренот, на трибините се судриле навивачите.
Според извештаите, летале столчиња и факели, а дел од навивачите успеале да влезат и на теренот. Удар во главата добил голманот на Будуќност, Павличиќ.
20-минути и биле потребни на полицајците да воспостават ред.
И покрај тоа што навивачите на Будуќност потоа го напуштиле стадионот, делегатот не дозволил натпреварот да продолжи.