Реал Мадрид со пресврт славеше победа над Реал Сосиедад од 4:1, во 27.коло. Реал со овие три бода ја зголеми предноста на врв от, во однос на Севилја на осум бода. Сосиедад се шести на табелата со 44 бода.
Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“, го обележаа головите на Камавинга и Модриќ, во финишот на првото полувреме, со кои Реал направи пресврт, откако Сосиедад поведоа со голот на Ојерзабал од пенал во 10.минута.
Апсолутната доминација, Реал во вториот дел ја потврди со уште два гола. Бензема постигна гол од пенал во 76.минута, а три минути подоцна Марко Асенсио го постави коенчниот резултат.
Со оваа победа Реал си направи добра увертира пред осмина-финалниот реванш со ПСЖ во Лигата на шампионите.